Поврзете се со нас

Свет

Солзи и неизмерна тага: Антиќ дел од европскиот крем кој му даде последна почит на Дуда Ивковиќ (Видео)

Објавено

на

По вчерашната комеморација која се одржа во Белград, денеска најблиското опкружување на Душан Ивковиќ и многу познати кошаркари од европскиот крем за последен пат се збогуваат со легендарниот српски стручњак.

Дуда ова попладне бил погребан на гробиштата во Белград и сведоштвата на новинарите од Србија велат дека биле пролеани многу солзи од големите кошаркарски имиња, кои денеска за последен пат се простија со својот тренер и ментор.

Ковчегот на неповторливиот Дуда го носеле Жељко ОБрадовиќ, Владе Дивац, Дино Раѓа, Жарко Паспаљ, Јуриј Здовц и Предраг Даниловиќ, а покрај потесното семејство, на погребот биле присутни и Василис Спанулис, Димитрис Итудис, Теодорас Папалукас, Ненад Крстиќ, Душан Кецман, Марко Кешељ, Бојан Поповиќ и многу други.

Како претставник од Македонија, Перо Антиќ исто така му оддал последна почит на својот сакан тренер, со кого ја освои титулата во Евролигата како член на Олимпијакос.

Трофејниот Ивковиќ почина минатата седмица на 16-ти септември како последица на проблеми со белите дробови, оставајќи зад себе огромно кошаркарско наследство за многу наредни генерации.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни