Поврзете се со нас

Англија

Солскјер знае што го чека со голманите: Ќе биде тешко да ги зачуваме во тимот

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде свој став за голманската позиција во клубот.

Норвежанецот ќе биде на слатки маки за следната сезона затоа што во клубот се враќа и Дин Хендерсон кој имаше фантастична сезона во клубот, а тука е и Серхио Ромеро кој е резервна опција на Давид Де Хеа.

Солскјер е свесен дека ќе биде практично невозможно да се задржат тројцата голмани во тимот, па посочи дека во следниот период ќе бие пронајдено решение за оваа позиција.

– Конкуренцијата на позициите е важна и ние сакаме да ја имаме. Ги имаме Дин, Серхио и Давид во овој момент. Ли е фантастичен професионалец и е резерва за сите нив.

– Очигледно ќе биде тешко да се задржат тројцата во клубот, ќе видиме во следниот период што ќе сториме –изјави Солскјер.

Давид Де Хеа во моментов е прв избор на голманската позиција, но многумина сметаат дека Шпанецот треба да седне на клупата и него да го замени Дин Хендерсон кој имаше супер сезона во дресот на Шефилд Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни