Поврзете се со нас

Англија

Солскјер за Роналдо: Нема да бидам изненаден ако игра на ова ниво и на 40 години

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред денешниот натпревар против Астон Вила го коментираше начинот на живот на сега најголемата ѕвезда на неговиот тим, Кристијано Роналдо.

Многумина се сомневаа дека Роналдо ќе се прикаже во добро светло по враќањето во Премиер лигата, но Португалецот постигна четири погодоци во првите четири натпревари и покажа дека ќе биде големо засилување за клубот од „Олд Трафорд“.

Солксјер истакна дека нема да биде изненаден доколку Роналдо игра на ова ниво и на 40 години затоа што доста добро се грижи за неговата форма.

– Нема да бидам изненаден ако Кристијано Роналдо игра на вакво ниво и на 40 години. Начинот на кој го води својот живот е неверојатен, мора да е и до гените или до неговата ДНК, но тој го става секој можен атом од енергијата за да стане играчот кој што е, -изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед во 13:30 часот ќе ја пречека Астон Вила и со победа ќе остане на самиот врв на првенствената табела во Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни