Поврзете се со нас

Англија

Солскјер за разликата во Јунајтед од пред една година: Подобро да имам дупка во тимот, отколку идиот во тимот

Објавено

на

Пред нешто повеќе од една година, Оле Гунар Солскјер најави дека ќе направи сериозен пресек и дека во тимот повеќе нема да има играчи кои негативно влијаат врз атмосферата во неговиот ростер, зборови кои ги исполни неколку месеци подоцна, или поточно во летниот преоден рок.

Дванаесет месеци подоцна, менаџерот на Јунајтед е многу позадоволен од играчите со кои располага и уште посреќен е што тимот се врати на тренинзите, вест која дефинитивно изгледа далеку попозитивно од вообичаеното по глобалната пандемија која настана со коронавирусот.

Враќањето во нормалната рутина го натера Солскјер да ја истакне важноста за позитивното опкружување во тимот, нагласувајќи дека пред една година во тимот имало играчи коои имале различни агенди од неговата.

– Подобра да имам дупка во тимот, отколку идиот во тимот, – изјави Солскјер за „United We Stand“, обелоденувајќи низ каков процес минал за да почне да гради тим каков што замислува.

– За мене лично, карактерот и посветеноста се многу важни. Ние сме тим во кој владее тимска хемија. Сакате играчите да имаат свое его, но треба да знаат да се прилагодат. Во март 2019-та година, играчите беа психички изморени, ментално паднати и имаше повреди. Играчите негативно размислуваа, а сега тоа е комплетно спротивно, се е позитивно. Имаше неколку работи кои не ми се допаѓаа лани, имаше некои агенди кои ги разрешивме во текот на летот. Во оваа група, чувствувам дека веќе немаме „гнило јаболко“, – потенцира Оле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни