Поврзете се со нас

Англија

Солскјер за неверојатното „дежа ви“ на последните пет гостувања: Ова веќе не е случајно!

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед е убедливо најдобар гостински тим на почетокот на сезоанта во Премиер лигата, па својот перфектен учинок го продолжи и оваа вечер во која славеше во Лондон против Вест Хем со 1:3.

Тимот на Оле Гунар Солскјер прикажува завидни перформанси надвор од „Олд Трафорд“, но навистина необично е тоа што Јунајтед на сите пет средби на кои победи на гостински терен, тоа го направи со направен пресврт откако прв прими гол.

Серија започна против Брајтон, продолжи против Њукасл, следуваа Евертон и Саутемптон, а вечерва во оваа низа се надополни и Вест Хем кој поведе со 1:0, а потоа прими три гола во второто полувреме.

– Презадоволен сум од нашата гостинска форма, начинот на кој играме и делуваме во нападот. Полека се стабилизираме и на домашен терен, имаме солидни перформанси и добиваме континуитет. Ако гледаме реално, денеска имавме мал напредок во споредба со последниот меч со Саутемптон. Таму губевме 2:0, а денеска само 1:0, – со насмевка на лицето порача Солскјер во првото интервју по мечот, а во продолжение нагласие дека оваа неверојатна серија на Јунајтед од пет превсврта на гостински терен не е случајна.

– Ова веќе го правиме премногу пати за да биде случајно. Се враќаме од 1:0, од 2:0. Се случува премногу за да биде случајно и само фудбалска коинциденција. Овој тим има карактер и менталитет да игра најдобро и кога губи и тоа е најважното нешто кое го издвојувам од овие гостински натпревари. Овие момци секогаш веруваат во себе и тоа е многу добро, – додаде Оле кој во интервјуто откри дека морал да го извади Единсон Кавани на полувремето поради мускулна повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни