Англија
Солскјер за можноста да ги комбинира Бруно Фернандеш и Погба: Дискутираме како да го извлечеме најдоброто…
Фановите на Манчестер Јунајтед како и многумина со нетрпение очекуваат фудбалот во Англија повторно да се врати во нормала и клубовите да почнат да ги играат своите натпревари.
„Ѓаволите“ се во битка за место во првите четири екипи во Англија што ќе им гарантира пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Фановите се желни да видат како Оле Гунар Солскјер ќе ги искомбинира Пол Погба и Бруно Фернандеш во средината на теренот. Португалецот по доаѓањето на „Олд Трафорд“ блесна и веднаш се покажа како идеално засилување за Манчестер Јунајтед.
Сега, Оле Гунар Солксјер потврди дека тој и неговиот стручен штаб водат секојдневни дискусии за тоа како да го извлечат најдоброто од Погба и Фернандеш.
– Имаме возбудлив состав. Доаѓањето на Бруно имаше одлично влијание за сите. Враќањето на Пол и Маркус назад ќе биде фантастично, ќе изгледаме многу добро. Позитивни сме и со нетрпение очекуваме да започнеме да играме, кога и да биде тоа, -изјави Солскјер, а потоа призна дека со тренерскиот штаб работат на тоа Погба и Фернандеш да изградат солидно партнерство на средината на теренот.
– Добрите играчи секогаш може да играат заедно, да работиме на тоа. Но, ги имаме Скот, Фред, Немања кои исто така се добри играчи, но не можеме да играме само со фудбалери од средината на теренот. Ќе се обидеме да најдеме добра конекција помеѓу нив, го дискутиравме тоа како тренерски тим, -заврши Солскјер во интервјуто за „Скај Спортс“.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)