Поврзете се со нас

Англија

Солскјер за критиките од Фергусон и цела јавност на Островот: Јас сум менаџер на тимот и имам јасна цел

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер доби големи критики за одлуката која ја донесе на натпреварот против Евертон пред десетина дена, а во низата на коментари, се појави и видео од легендарниот Сер Алекс Фергусон кој на Нурмагомедов му порачува дека Норвежанецот направил грешка со тоа што не го игра Роналдо од стартот.

Кристијано започна како резерва против Евертон во натпреварот кој на крајот заврши 1:1, па сега пред новиот сериозен предизвик кој ќе го има Јунајтед во Премиер лигата, Солскјер порача дека и во иднина би повторил такво нешто за доброто на тимот.

Фергусон го искритикува Солскјер: Секогаш треба…(ВИДЕО)

– Јас сум менаџерот и тоа е со причина. Јас ги менаџирам играчите во овој тим. Добро е што го имаме Роналдо и што располагаме со него.

– Тој е извонреден играч, извонреден голгетер и финишер, но уште подобар професионалец. Тешко е да го оставите надвор од почетните 11 и сите би сакале да може да игра на шест натпревари во шест дена.

– Сепак, тоа е невозможно, мора да има ротација. Ротацијата ќе ни помогне во месеците април и мај да бидеме свежи и сите да бидеме во најдобра форма. Минатата сезона во месец мај бевме истрошени и изморени и тоа се одрази на најважните натпревари. Имам јасна цел тоа да не се повтори. Мојата одлука со Роналдо е базирана на таа анализа, – вели Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни