Поврзете се со нас

Англија

Солскјер за епизодата во Јунајтед: Тоа беше разочарувачки, некои играчи…

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер беше еден од тренерите кој се обиде да го врати Манчестер Јунајтед на победнички патеки, меѓутоа иако реално имаше доволно време од 2018 до 2021 година и тој не успеа да изгради состав, група која ќе може соодветно да одговори на предизвиците.

Секако Солскјер носи дел од вината, меѓутоа имаше и други фактори кои влијаеа, а еден од нив се играчите. Норвежанецот реши да се отвори и посочи дека играчите едноставно немале амбиција, да ги кажат своите размислувања, па дури и се плашале да зборуваат со медиумите.

-Никој не кажал дека не сакам да бидам капитен, тоа беше само за одредени натпревари. Не сакам да бидам капитен на овој натпревар. Тие не сакаа самите да го кажат тоа, ми доаѓаа други луѓе тоа да ми го соопштат. Тоа беше разочарувачки. Тоа е различна генерација, штета, тоа покажува недостаток на амбиција.

-Многу играчи велеа не за интервјуата пред натпреварот, трите прашања. Бруно [Фернандеш] секогаш го правеше, Хари (Мегваер) Виктор [Линделоф], Давид [де Хеа], Лук Шо. Останатите беа загрижени за прашањата, па претпочитаа да не го прават тоа. Можеби се плашиш од целата реакција, но го разбираш и менталното здравје на играчите, -обелодени Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни