Поврзете се со нас

Англија

Солскјер за ѕвездата за која одеше со „глава во ѕид“: Конечно го дочекавме најдоброто од него!

Објавено

на

Пол Погба значително ја подигна формата во последните неколку седмици и круцијална улога за таков епилог одигра и Оле Гунар Солскјер, кој на четири од последните пет натпревари му даде максимална минутажа на францускиот фудбалер.

Со исклучок на мечот против Вотфорд во Купот на кој не беше во комбинација за настап, Погба ги одигра сите 90 минути на преостанатите четири меча, а вчера добрите партии ги материјализираше со одличен волеј погодок со кој му овозможи на Манчестер Јунајтед да се искачи на врвот на табелата пред големото дерби кое се игра викендов.

Јунајтед ќе му гостува на Ливерпул на „Енфилд Роуд“ и навистина ќе биде интересно да се види за каква тактика ќе се одлучи Солскјер и дали ќе продолжи да му дава континуитет на Погба, за кого вели дека конечно игра на начинот на кој сите очекуваат од еден светски шампион.

Овој позитивен пресврт е посебно неочекуван поради тоа што агентот на фудбалерот најави заминување од Јунајтед, па кога сите велеа дека Оле ќе го седне на клупата, тој го прави токму спротивното.

– Отсекогаш сум велел дека Пол е навистина многу голем и важен играч за нас. Тој има одличен карактер во соблекувалната, секогаш е еден од оние во кои другите треба да се угледаат. Погба е светски шампион и среќни сме што конечно го гледаме најдоброто од него. Ова е најдобриот Погба, откако од почетокот на сезоната се мачеше со повредите и коронавирусот, – изјави Оле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни