Поврзете се со нас

Лига Европа

Солскјер за двомечот со Милан и Ибрахимовиќ: Каков роденденски подарок!

Објавено

на

blank

Ждрепката за осминафиналните дуели во Лигата на Европа ни донесе пресметка која во минатото беше вистински фудбалски класик во Лигата на шампионите, односно двомеч на два големи фудаблски великани кои се едни од најтрофејните во своите земји.

Еден од Манчестер Јунајтед и Милан ќе мора да се задоволи само со настап во осминафиналето во второто по ранг европско натпреварување, бидејќи денешното извлекување им ги вкрсти патиштата во оваа фаза, што значи дека некој ќе се радува на пласман во четвртфиналето, а некој ќе се насочи само кон настапите во домашното првенство.

Стефано Пиоли нагласи дека неговиот Милан ќе се соочи со најголемиот фаворит за титулата во Лигата на Европа, но комплименти за противничкиот табор не штедеше и Оле Гунар Солскјер кој во најавата за двомечот не можеше да го заборави Златан Ибрахимовиќ.

– Ова е навистина убав роденденски подарок, нели е тоа така? Гледањето на оваа ждрепка навистина ме израдува, – изјави Оле кој денеска полни 48 години.

– Продолжува традицијата, секогаш сме имале незгодни извлекувања. Ова е ждрепка која слободно може да биде дел од Лигата на шампионите, овој пар е дуел на два тима кои се дел од историјата во Лигата на шампионите. На тимот му се потребни предизвици и ние сакаме ваков предизвик како Милан. Милан има историја и традиција, голем клуб и едвај чекаме да одиме на нивниот стадион.

– Секако, го имаат и Златан. Јас сум импресиониран од него, мора да го нагласам тоа. Во Јунајтед имаше повреда која се закани по неговата кариера, но тој се врати посилен, отиде во МЛС, а потоа се врати во Милан и навистина го подигна тимот на завидно ниво. Играат фантастично, навистина сум импресиониран од Ибрахимовиќ, – изјави Оле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни