Солскјер во исцрпно интервју со Невил потврди дека му фалат двајца играчи во трката за Топ 4, меѓутоа посочи дека можеби нема да купуваат во јануари…

solskjer

Оле Гунар Солскјер во интервју за „Скај Спортс“ кое го водеше Гери Невил истакна дека на клубот му требаат еден или двајца играчи за да биде компетитивен за место во Топ 4 на табелата.

„Ѓаволите“ одлично ја започнаа сезоната во Премиер лигата со убедлива победа од 4:0 против Челси, но потоа затаија и од тој натпревар па навака нема натпревар на кој имаат постигнато повеќе од еден гол.

Се веруваше дека Манчестер Јунајтед ќе донесе напаѓач во јануари, а прво име беше Марио Манџукиќ, но сега Солскјер како да ги подзатвори вратите за евентуално засилување на зима.

– Парите се тука. Ние бараме играчи и бевме блиску до некои од нив, но не е правилно ако купуваш панично и не ги донесеш вистинските играчи. Парите за засилувања во јануари и на лето не се проблем. Планираме и ги разгледуваме опциите. Ги дефинираме нашите таргети уште по завршувањето на летниот преоден рок. Ако правилните играчи се слободни да дојдат кај нас, ресурсите се тука. Јануари е тежок преоден рок. Но доколку има слободни играчи по вистинска цена, сигурен сум дека ќе донесеме некој. Може да биде некој искусен играч кој ќе дојде и ќе им помогне на помладите играчи. Повторно ќе кажам, зависи кој е слободен, но во едно сум сигурен, нема да одиме и да ги придобиваме играчите со огромни договори и големи трансфер оштети. Точно е, ни требаат едно или две засилувања. Ни фалат еден или двајца играчи за пласман во Топ 4, ние го кажавме тоа и претходно, но доколку вистинските фудбалери се слободни, тогаш ќе ги ангажираме во јануари, ако не, актуелните играчи ќе го дадат максимумот, -истакна Солскјер.

Facebook Коментари