Поврзете се со нас

Англија

Солскјер верува во него: Тој сигурно во иднина ќе биде број еден во Јунајтед и во Англија

Објавено

на

Предводникот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е убеден и верува дека голманот Дин Хендерсон во блиска иднина ќе биде број еден на голот на клубот од „Олд Трафорд“, но и во англиската репрезентација.

Хендерсон кој има 23 години брани во извонредна форма во Шефилд Јунајтед, но тој е таму на позајмица од Јунајтед што значи „црвените ѓаволи“ имаат одлична опција, конкуренција за Давид Де Хеа за наредниот период.

-Дин направил неколку одлични избори во текот на годините и фантастично се разви. Ние го гледаме тоа во однос на тоа каде ќе биде следната сезона, но за тоа сè уште не е одлучено. Оваа сезона се покажа како големо искуство за него, тој самиот си направи услога со неговите настапи, додека дека во идина ќе биде број еден во Јунајтед и број еден во Англија, -истакна Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни