Солскјер веднаш му одговори на Рајт и откри кој ќе го замени Рашфорд: Тој не беше повреден…

ole-gunnar-solskjaer

Манчестер Јунајтед го загуби својот најдобар фудбалер, Маркус Рашфорд на подолг период. Младиот напаѓач ќе отсуствува од терените во следните три месеци по повредата на грбот која ја заработи на натпреварот против Вулверхемптон.

Аналитичарот Јан Рајт го обвини Оле Гунар Солскјер за оваа повреда затоа што посочи дека претходно Норвежанецот знаел дека Рашфорд има проблеми, но и покрај тоа го ставил во составот.

Сепак, Солскјер веднаш одговори дека Рашфорд ја немал оваа повреда претходно и дека колку што можеле го одмарале на натпреварите.

– Тој не ја имаше таа повреда претходно. Се жалеше по натпреварот против Барнли, тогаш тоа го почувствува за прв пат. Ние потоа го менаџиравме колку што можеме. Добиваше слободни денови, беше заменуван на натпреварите, не почнуваше на секој натпревар, а потоа наеднаш дојде нова повреда. Повторувам, тој немаше ваква повреда претходно, -изјави Солскјер кој потоа посочи дека Мејсон Гринвуд сега ќе добива многу поголема минутажа во отсуство на Маркус Рашфорд.

– Секако дека Мејсон ќе добива многу повеќе шанси сега, а Хуан ќе мора да се подигне повторно. Оние кои се во составот ќе добиваат повеќе шанси, -заврши Солскјер.

Facebook Коментари