Поврзете се со нас

Англија

Солскјер среќен поради финалето, но лут за она што го очекува Јунајтед: Ова е невидено…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед со минимален пораз во Рим го потврди пласманот во финалето на Лига Европа, а менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека одбраните на Давид Де Хеа биле клучни за помирен реванш.

– Убаво е чувството кога ќе се најдете во финале, нашето најдобро полувреме го одигравме на „Олд Трафорд“, а разочаран сум што вечерва загубивме посебно поради начинот на кој игравме во вториот дел.

– Лесно можеше да биде 8:6, навистина чуден натпревар. Постојано им ја дававме топката, но за среќа го имавме еден од најдобрите светски голмани, – вели Солскјер.

Тој е незадоволен поради густиот распоред на неговата екипа наредниов период.

– Ова е невидено, распоредот го прават луѓе кои никогаш не играле фудбал на вакво ниво. Физички е невозможно за фудбалерите да издржат, ќе мора да сметам на сите фудбалери за овие четири натпревари, – вели менаџерот откако Јунајтед во недела и гостува на Астон Вила, а до 18. мај ќе одигра уште три натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни