Солскјер соопшти најлоши вести за Рашфорд по дерби поразот од Ливерпул

ole-enfild

Манчестер Јунајтед загуби 2:0 на гостувањето на „Енфилд Роуд“ кај Ливерпул, но она што повеќе треба да ги загрижи фановите на клубот од „Олд Трафорд“ е тоа што Оле Гунар Солскјер нема да може да смета на најдобриот играч подолго време.

По направените детални прегледи, било утврдено дека повредата на Маркус Рашфорд не е воопшто наивна, бидејќи станува збор за фрактура на грбот поради која ќе мора да паузира со месеци. Солскјер порача дека Рашфорд ќе мора да паузира најмалку шест седмици, по што ќе следи дополнителна рехабилитација која може да се одложи до вкупно три месеци.

– Да, за жал станува збор за стресна фрактура. Ова не е нешто што се случило претходно. Имавме многу повреди оваа сезона, но ова е нешто поразлично и навистина немаме среќа што се случи ова. Повредата е навистина лоша. Ќе биде надвор од стројот подолго време, нормално ќе треба да паузира шест седмици, а потоа ќе следи и рехабилитација, – порача Солскјер по поразот од 2:0, по што беше запрашан дали Јунајтед ќе бара негова замена на трансфер пазарот.

– Може да се случи нешто, ситуација ни го дозволува тоа. Трансфер пазарот е отворен и може да побараме краткорочно решение кое би го искористиле до крајот на сезоната. Сепак, нема да бидеме очајни, ако пронајдеме нешто интересно, ќе купиме играч. Отворени сме и за позајмица, но и сега имаме и играчи во тимот кои можат да одговорат на оваа позиција, – изјави Оле.

Facebook Коментари