Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со забелешка до своите играчи: Мора да решиме еден проблем

Објавено

на

Манчестер Јунајтед изминатиов викенд го победи Вест Хем на гостински терен во Премиер лигата во драматична завршница, но сега од истиот ривал претрпе пораз во Лига Купот и остана без опција да се бори за трофеј во ова натпреварување.

Гостите од Лондон победија на „Олд Трафорд“ со 0:1 и се пласираа во наредната рунда, а како главна разлика се покажа раниот гол кој го постигна Ланцини во 9-та минута.

Оле Гунар Солскјер порача дека неговите фудбалери не заслужиле елиминација, но детектираше еден проблем кој се надева дека ќе биде отстранет против незгодата Астон Вила, ривал против кого играат во Премиер лигата веќе во сабота.

– Повторно влеговме меко и бавно на почетокот на натпреварот и мора да го решиме тој проблем. Почнавме да играме добро дури откако примивме гол и мора да се поправиме околу овој сегмент. Статистиката ништо не важи кога рано ќе примите гол, а потоа нема да дадете. Имавме 27 неуспешни обиди за гол, но на крајот загубивме.

– Овој проблем е адресиран до фудбалерите и мора да го решиме. Одговорот беше добар, но стартот беше лош, не смееме да се доведуваме во таква ситуација. Мора да започнеме многу подобро и шанса за одговор е мечот со Астон Вила, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни