Поврзете се со нас

Свет

Солскјер со сериозен заклучок го проследи враќањето на Мурињо во Серија А

Објавено

на

Манчестер Јунајтед одигра далеку под своето ниво на „Олимпико“ и загуби со 3:2 во натпревар во кој можеше да прими и многу повеќе голови, па токму поради тоа, Оле Гунар Солскјер беше разочаран од изданието на неговиот тим во второто полувреме.

Менаџерот на Јунајтед нагласи дека добра вест за нив било тоа што во Де Хеа имаат еден од најдобрите светски одбрани, бидејќи неговите одбрани направија да имаат мирна завршница по која поразот брзо ќе се заборави поради победата на првиот меч од 6:2. Пласманот во финалето на „ѓаволите“ им носи дуел со Вилјареал, но коментирајќи ја играта на Рома на овој втор меч, Солскјер доби прашање и за последните случувања кои беа многу актуелни во Рим.

Добро познато е дека Фонсека ќе биде заменет од Жозе Мурињо на крајот од сезоната откако Португалецот беше потврден од страна на раководните структури, а Солскјер не криеше дека тоа се навистина големи вести за италијанскиот фудбал.

– Тоа се навистина големи вести, тој беше и се уште е фантастичен менаџер кој му даде многу на фудбалот. Мурињо му даде многу на фудбалот и тоа никој не може да го спори. Среќен сум што ќе го гледам на клупата на Рома, тој е роден победник.

– Му посакувам се најдобро. Штета е што ја напушти Премиер лигата и што нема да го гледаме во Англија, но Серија А добива големо засилување, мислам дека ќе му оди добро во Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни