Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со прва реакција откако Јунајтед го разочара Смолинг со потегот кој го повлече

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед не му даде дозовла на Крис Смолинг да ја доврши сезоната со Рома, бидејќи „ѓаволите“ почувствуваа опасност да се сретнат со „волчицат“ во елиминациската фаза во Лига Европа, натпреварување чиј рестарт е закажан за утре.

Откако двата клуба не се договорија за перманентен трансфер, Смолинг денеска не криеше дека е разочаран од тоа што нема да може да му помогне на тимот во кој ја одигра цела сезона во Серија А, но сепак искусниот дефанзивец ќе мора да се помири со оваа одлука, бидејќи Јунајтед процени дека може да биде ризично за нив да остане во Рим.

Триесетгодишниот Смолинг беше ослободен од Солскјер пред почетокот на сезоната и беше испратен на позајмица со цел да се врати во посакуваната форма, но мора да се напомене дека стоперот навистина го направи тоа и беше еден од најдобрите дефанзивци во Италија.

Солскјер денеска призна дека ги гледал речиси сите изданија на Смолинг во Серија А, па сега не ја исклучува можноста тој да биде дел од тимот за наредната сезона.

– Мислам дека Крис во целата своја кариера докажа колку е важен за Манчестер Јунајтед. Оваа сезона беше посебна за него, сакавме да игра регуларно и повторно да докаже за каков стопер станува збор. Сакав да им дадам шанса на Мегваер, Линделоф и Туанзебе, па затоа го испративме на позајмица. Тоа беше најдобро сценарио за него, одигра една сезона во Рома и докажа колку вреди. Доста често зборував со Крис, пресреќен сум од неговата сезона. Сега тој се враќа во тимот и може да биде вреден за нас, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни