Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со проблеми пред дербито со Сити, уште еден важен играч ќе го прескокне натпреварот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед денеска гостува на „Итихад“ кај Манчестер Сити со надеж дека ќе освои поволен резултат на ова пеколно гостување на кое може да биде ставена и точка на сезоната.

Доколку Манчестер Сити ја продолжи одличната серија и забележи нова победа тоа речиси сигурно ќе значи и титула за нив, титула која ни сега не е далеку од нивните витрини.

Победа за Манчестер Јунајтед пак ќе значи крај на фантастичлната серија на Манчестер Сити од 21 натпревар по ред во кој само победуваат и исто така ќе им даде ветер во грб на избраниците на Оле Гунар Солскјер во битката за пласман во Лигата на шампионите и оваа сезона.

Сепак, на денешната средба против „граѓаните“, Солскјер веројатно нема да може да смета на Единсон Кавани кој не беше забележан со останатиот дел од тимот кој се стационираше во „Лаури хотелот“.

Кавани по 17 дена отсуство се врати на натпреварот против Кристал Палас, меѓутоа беше заменет од игра во 72. минута и веројатно ја обновил својата повреда, па ќе паузира уште извесен период.

Позитивна вест за Солскјер е што во составот се враќа Антони Марсијал, додека пак Давид Де Хеа и Пол Погба остануваат надвор од стројот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни