Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со едноставен одговор за тоа дали Јунајтед може да ја освои титулата

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска му овозможија големо задоволство на својот менаџер Оле Гунар Солскјер, кој потоа и го истакна значењето на победата над градскиот ривал Сити.

Јунајтед ја прекина долгата серија победи на „граѓаните“, а Солскјер не криеше дека е презадоволен од настапот на својата екипа.

– Мора да се биде задоволен кога ќе одиграте вака на гостински терен, ќе победите и притоа нема да примите гол.

– Секој натпевар е различен, денеска Марсијал беше оној стариот, одигра многу добро. Сепак, игравме добро и во одбрана, бидејќи никој не може да го победи Сити ако не функционира добро како колектив, – изјавил Солскјер.

Иако Јунајтед ја намали негативата на единаесет бодови на десет рунди до крајот, Норвежанецот не очекува да има изненадување во однос на борбата за титулата.

– Ова беше само една победа, тие се предалеку и не верувам дека има шанси да ги стигнеме. Сити има одлична сезона, дури и денеска трпевме сериозен притисок, – вели Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни