Поврзете се со нас

Англија

Солскјер се надева дека играчот на Јунајтед ќе остане во клубот и покрај интересот од Барселона

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева дека еден од фудбалерите кои се поврзуваат со заминување од клубот сепак на крајот ќе остане на „Олд Трафорд“.

Џеси Лингард е меѓу оние играчи кои ќе бидат слободни агенти по крајот на оваа сезона, и барем засега играчот не го продолжил договорот со „ѓаволите“.

Вчера во некои медиуми излегоа информации дека за него интерес има од тимот на Барселона, а ситуацијата ја следи и Милан. И двата клуба би го ангажирале во јануари за минимална сума на пари.

Сепак Солскјер посочи дека тој верува оти Лингард на крај ќе го продолжи договорот со Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ и во следниот период.

– Џеси имаше добар старт на сезоната. Влегуваше во игра и постигнуваше голови, а тоа е многу важно за нас. Тој знае што ние сакаме, знае дека сакаме да го обновиме неговиот договор затоа што гледаме дека е важен играч за нас.

– На него ќе биде да докаже дека заслужува повеќе време на теренот, а можеби и до мене кој треба да му го даде тоа што го заслужува. Но кога и да го одберам тимот, мора на страна да оставам дел од играчите.

– Се надевам дека договорот за Џеси наскоро ќе биде постигнат затоа што навистина го цениме во клубот. Тој е топ играч и одлична личност, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни