Поврзете се со нас

Англија

Солскјер разочаран од третманот кој го доби Роналдо во драмата против Вест Хем (Видео)

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер остана воодушевен од натпреварувачкиот карактер на неговиот тим во лудата завршница во Лондон, но и разочаран од одлуката на главниот арбитар Мартин Аткинсон.

Лингард и Де Хеа ја поделија херојската улога со постигнатиот гол и одбранетиот пенал во последните минути за победа од 1:2 на натпреварот против Вест Хем, но менаџерот на Манчестер Јунајтед не пропушти да нагласи дека е разочаран од третманот кој го добил Кристијано Роналдо.

Португалецот постигна гол во првото полувреме за 1:1, додека во продолжение во три наврати жестоко, па и иронично протестираше до судијата, откако овој не досуди пенал во три сомнителни ситуации.

Во сите три наврати, имаше елементи за најстрога казна, а Солскјер заклучи дека две ситуации биле пенали големи како ѕидина од камен.

– Имаше два, првиот и последниот, тоа беа пенали големи како камена ѕидина. Противникот ја постави ногата во првиот случај, додека во последниот, Зума не ја допре топката и го собори во шеснаесетникот. Тоа беше трет пенал за кој протестираше Роналдо, а не доби ниту еден. Се надевам дека нема да дојдеме во ситуација Роналдо никогаш да не добие пенал, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни