Поврзете се со нас

Англија

Солскјер: Рашфорд сега треба да се насочи само на теренот, а не на работите надвор од него

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за се уште младиот напаѓач на клубот, Маркус Рашфорд кој наскоро треба да се врати на терените по неколкумесечната пауза поради операцијата на рамото.

Рашфорд се уште не заиграл во првиот тим за „ѓаволите“, но се очекува тој веќе овој викенд да биде на клупата за резервни фудбалери за натпреварот со Лестер Јунајтед.

Рашфорд освен со фудбалските вештини, вниманието на јавноста го сврти со своите активности надвор од терените, со кои се залагаше за бесплатен оброк за сите деца кои не можат да си го дозволат тоа.

Сега Солскјер посочи дека фудбалерот имал доволно време да се посвети на тие активности, па му предложи во следниотпериод да се насочи само на фудбалските активности.

– Знам дека допрва доаѓа најдоброто од Рашфорд. Тој за своите години оствари некои огромни работи, но мислам дека и натаму напредува и станува се поискусен.

– Имаше време да размислува за работите кои ги постигна надвор од терените затоа што навистина се впушти во некои неверојатни проекти. Мислам дека сега може да се ориентира само на фудаблот затоа што во Јунајтед го чека голем предизвик.

– Подготвен е за тој предизвик. Тој сака да се изрази и ние ќе му го дадеме потребното време да покаже што се може да биде во овој клуб, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни