Поврзете се со нас

Англија

Солскјер првпат проговори за Варан и откри каква интересна приказна крие неговиот ангажман

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер за првпат проговори за најавениот ангажман на Рафаел Варан, трофејниот францускиот стопер кој во директен трансфер од Реал Мадрид ќе пристигне на „Олд Трафорд“.

После неколку месечни шпекулации, напорната работа која се вршела зад сцената конечно вроди со плод и Варан ќе го облече црвениот дрес на Манчестер, ситуација која Солскјер открива дека можела да се случи и во самиот почеток на кариерата на Рафаел, кога Реал Мадрид сепак бил побрз од Сер Алекс Фергусон.

– Секако дека сум пресреќен што успеавме да постигнеме договор со Реал Мадрид за пристигнувањето на Варан. Добиваме докажан победник и играч кој го следиме долги години наназад.

– Не го велам ова на празно, знам дека Сер Алекс Фергусон беше многу, многу блиску да го потпише, но судбината сакаше ние да го добиеме во друга фаза од неговата кариера.

– Тој се докажува на врвно ниво во текот на цела кариера и станува збор за одлична личност. Станува збор за извонреден професионалец кој има освоено се што може да се освои во фудбалот, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни