Поврзете се со нас

Англија

Солскјер пронајде непосакувана жртва во својот тим: Покажувате непочитување кон него со таквите коментари

Објавено

на

blank

Оле Гунар Солскјер вчера најави дека не планира да доведе нов фудбалер во одбраната како партнер на Хари Мегваер, со што дефинитивно ги разочара фановите на Манчестер Јунајтед кој во првото коло гледаа како нивниот тим прима три лесни гола од Кристал Палас.

Солскјер во измиантите неколку дена постојано добива совети дека мора да купи нов и побрз стопер кој би бил идеален партнер на Мегваер, но се зборува и за најавените играчи чии трансфер сепак не се реализираа.

Единствена голема ѕвезда која пристигна во тимот е Холанѓанецот Дони Ван Де Бек, а бидејќи во последно време постојано се зборува дека Јунајтед речиси и да не го засилил својот тим за новата сезона, Солскјер се налути и го крена гласот пред новинарите.

– Мислам дека покажувате непочитување кон Дони кога велите дека тој е само единствениот кој пристигнал. Со таков термин се омаловажува, Дони е играч од светска класа и многу го засилува нашиот тим.

– Работиме навистина напорно за да имаме што подобар и поконкуренте тим. Ако има одредени новости за трансфери, ќе бидете известени за тоа, – порача Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни