Поврзете се со нас

Англија

Солскјер признал дека двајца фудбалери се уште се „мачат“ во составот на Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед има повеќе од квалитетен состав сезонава, но неколку фудбалери не ги прикажуваат игрите кои се очекуваат од нив.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер отворено зборувал на таа тема, потенцирајќи дека Џејдон Санчо и Дони ван де Бек се уште се мачат во редовите на Јунајтед.

– Не можам да им замерам нешто за залагањето, повеќе се работи за потребниот ритам и самодоверба.

– Двајцата се далеку од потребната форма, но реално и немаат голема минутажа.

– Јасно е дека ќе добијат време, но нам ни требаат резултати веднаш. Очекувам да го подигнат нивото на квалитет, – изјавил Солскјер.

Јунајтед плати 35 милиони фунти за Ван де Бек, додека летово Санчо беше платен 73 милиони фунти, а се уште нема гол ниту асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни