Поврзете се со нас

Англија

Солскјер призна дека Роналдо влијаел посебно негативно врз еден играч во Јунајтед

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер даде низа интересни одговори во разговорот со Невил, Карагер, Кин и Рајт кој беше организиран од страна на „Скај“, па покрај тоа што говореше за промашените трансфер потези на Манчестер Јунајтед, даде детално образложение и за аквизицијата која не испадна онака како што сите замислуваа.

Норвежанецот беше еден од најодговорните за сензациоаналниот кам-бек на Кристијано Роналдо, но речиси една година по заминувањето на Солскјер, доста неславно клубот го напушти и Португалецот.

Солскјер сега вели дека не жали што го довел Роналдо по вторпат на „Олд Трафорд“, но признава дека тоа не испаднало баш добро и дека Португалецот влијаел негативно врз дел од играчите, а особено Единсон Кавани.

– Кога се појави опцијата за Роналдо, не размислував премногу. Кристијано ни нудеше нешто поразлично од Марсијал, од Мејсон Гринвуд и Маркус Рашфорд. Реално гледано, Кавани беше оној кој најмногу страдаше од доаѓањето на Роналдо. Кога зборував со Роналдо, тој имаше сфатено дека веќе не е толку млад, но кога го вадев на еден од четири натпревари, не беше среќен.

– Пред да дојде Роналдо, бевме еден од тимовите кои вршеа најголем пресинг. Кога дојде Роналдо, му дозволивме на Дан Џејмс да си оди, тоа се сосема два различни играчи. И покрај се, верувам дека беше правилна одлука да го донесеме во тимот, иако испадна дека не излезе добро ниту за мене, ниту за него.

– Целта беше со Роналдо да им дадеме страст на останатите фудбалери, но на крајот испадна дека искомплициравме. Гринвуд, Рашфорд и Марсијал требаше да учат од најдобриот, од најдисциплинираниот играч кој беше и најдобар во светот, – објаснува Солскјер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни