Поврзете се со нас

Англија

Солскјер пред средбата со Ливерпул: Тежнееме да бидеме како нив

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред натпреварот со Ливерпул ги предупреди своите играчи да бидат доста сконцентрирани пред дерби пресметката со вечниот ривал.

Во недела на „Олд Трафорд“ ќе се одигра една од најголемите дерби пресметки во светот и сигурно најголемо дерби во Англија во кое Манчестер Јунајтед ќе влезе како аутсајдер.

Солскјер потврди дека нивната цел е да бидат како Ливерпул кој оствари значителни успеси во изминатиот период.

– Мора да ги одиграме сите 90 минути на врвно ниво, во нападот и одбраната. Посебно кога ривал е тим како Ливерпул, тие се во одлична форма, имаат поединци со вештини од кои не може да се браните, но ние како тим мора да бидеме агресивни, физички и психички подготвени.

– Ќе мора во секој аспект да бидеме на високо ниво за да оствариме добар резултат против еден од најдобрите светски и европски тимови. Ние нив ги бркаме. Тоа што го направија тие во последните четири години е она кон кое ние тежнееме. Минатата година имаа тежок период со повредите, но сега се вратија, -изјави Оле Гунар Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни