Поврзете се со нас

Англија

Солскјер потврди дека еден играч во кој сите веруваа ќе си оди од клубот: Изгледа не се договорија…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед за следната сезона ќе остане без еден од играчите во кој долго време се влеваше голема доверба и за кој се мислеше дека ќе биде новата ѕвезда на клубот.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде краток и многу јасен одговор на прашањето дали Анхел Гомес ќе остане во клубот.

Според Солскјер, Гомес веројатно ќе си оди затоа што не успеал да се договори, односно не го прифатил понудениот договор од Манчестер Јунајтед.

– Немам нови информации за тоа, ништо, па веројанто нема да го продолжи договорот.

– Дали Анхел Гомес ќе си оди од Манчестер Јунајтед? Да бидам искрен, не се слушнав со него вчера вечер и ова утро, па изгледа дека тие веројатно не се договориле за новиот договор.

– Одговорот веројатно е краток и јасен, да ќе си оди, -изјави Оле Гунар Солскјер.

Анхел Гомес беше посочен како еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, а за „ѓаволите“ дебитираше со свои 16 години.

Сепак, тој не ги искористи шансите кои му ги даваше Норвежанецот, па потоа се почесто не беше во тимот, за разлика од неговите млади колеги кои редовно добиваат шанса од Солскјер.

Англиските медиуми шпекулираат дека Челси ќе му понуди договор на Гомес кој целата своја кариера досега ја помина во Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни