Поврзете се со нас

Англија

Солскјер потврди дека еден фудбалер на Јунајтед имал позитивен тест на коронавирусот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ја наполни мрежата на РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, па менаџерот Оле Гунар Солскјер може да биде презадоволен по вториот триумф во серија во најелитното европско натпреварување.

Сепак, менаџерот на премиерлигашот денеска добил и една негативна информација, која ја потврди по завршувањето на средбата со РБ Лајпциг.

Норвежанецот ја искористил комуникацијата со медиумите да му посака брзо враќање во тимот на Алекс Телјес, кој имал позитивен тест на коронавирусот.

– Алекс е веќе во самоизолација, нема никакви симптоми и очекувам брзо да се врати во составот, – изјавил Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни