Солскјер по срамот против Барнли потврди дека клубот работи на неколку трансфери: Играчите се уморни…

ole-gunnar-solskjaer

Оле Гунар Солскјер се обиде да го ублажи бесот по поразот од Барнли (0:2) со тоа што најави дека клубот работи на ангажман на нови засилувања.

Вчерашниот натпревар и тоа како покажа дека на Манчестер Јунајтед му се потребни нови фудбалери на сите делови од теренот, а Солскјер потврди дека во моментов се работи на доведување на некои играчи.

Во преден план е ангажманот на Бруно Фернандеш, но клубот веднаш мора да донесе и нов напаѓач, а и еден крилен фудбалер.

– Работиме на тоа да го засилиме составот и да добиеме неколку играчи, се надеваме дека ќе добиеме нешто во следниот период. Мислам дека сите гледаат дека овие играчи се по малку уморни. Тие се уморни и јас немам за што да се жалам на нив затоа што го даваат максимумот на теренот, -изјави Солскјер.

Facebook Коментари