Поврзете се со нас

Англија

Солскјер по слабиот старт на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед: Го донесовме за…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед сериозно ги засили своите редови во летниот преоден рок, а пред доаѓањето на Кристијано Роналдо најголемото засилување беше Џејдон Санчо кој пристигна во клубот за нешто повеќе од 75 милиони евра.

Сепак, за разлика од Роналдо кој постигна три гола на првите два натпревари, Џејдон Санчо се уште нема голгетерски учинок во новиот клуб, па веќе почнаа да се шират муабети дека тој нема да биде добро засилување за „ѓаволите“.

Пред средбата со Вест Хем, менаџерот на Јунајтед беше запрашан токму за нешто послабиот старт на Санчо во новата авантура, на што Солскјер даде дипломатски одговор дека офанзивецот е купен за следните десетина години.

– Џејдон Санчо ќе се подобри, сигурен сум. Го донесовме затоа што во него гледаме топ офанзивец за следните 10, 12, 15 години и јас не сум го променил мислењето околу тоа. Санчо ќе биде ѕвезда тука, -изјави Солскјер.

По пристигнувањето од Борусија Дортмунд, Санчо одигра пет натпревари во дресот на „ѓаволите“ на кои засега не успеа да запише ниту гол ниту асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни