Поврзете се со нас

Англија

Солскјер по болниот пораз од Лестер: Донесов погрешна одлука

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер се коцкаше на денешното гостување на „Кинг Пауер“ и тоа скапо го плати неговиот тим, бидејќи Манчестер Јунајтед за првпат загуби во Премиер лигата на противнички терен, ставајќи крај на својата рекордна низа од 29 натпревари без пораз.

Во спектакуларниот меч кој се одигра во Лестер, „лисиците“ ги надитрија „ѓаволите“ и сосема заслужено победија со 4:2 во фудбалскиот рафал од погодоци во завршницата, а Солскјер како менаџер на поразениот тим, призна дека направил една голема грешка при селекцијата за денешниот меч.

Норвежанецот му даде шанса на недоволно залечениот Хари Мегваер кој ги пропушти репрезентативните натпревари, а со изданието денеска само потврди дека е надвор од ритам. Капитенот со неколку лоши реакции кумуваше за дел од четирите гола на домаќините, по што Солскјер и самиот призна дека донел погрешна одлука што избрзал со враќањето.

– Кога ќе го погледнете реално натперварот, примивме четири многу лоши голови, со наши лоши реакции. Со начинот на кој игравме, не заслуживме да ја продолжиме рекордната серија на гостински терен која завршува на 29 натпревари.

– Јас го бирам тимот и Хари Мегваер денеска не покажа реакција по грешката за првиот гол. Ја преземам одговорноста, тоа не функционираше денеска. Кога ќе примите четири гола, очигледно е дека донесов лоша и погрешна одлука. Во последно време не сме во посакувана форма, загубивме премногу бодови и мора да направиме анализа. Мора да промениме нешто во брзо време, – гласи првата изјава на Солскјер по поразот од 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни