Поврзете се со нас

Англија

Солскјер откри што им рекол на играчите на Јунајтед на полувреме

Објавено

на

Манчестер Јунајтед направи голем пресврт против Аталанта во Лигата на шампионите и ги израдува своите фанови кои поделија многу критики за играта во првиот дел.

Аталанта на пауза замина со водство 0:2, но премиерлигашот го сврте резултатот во своја корист за победа од 3:2.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека не престанал да верува во своите играчи, затоа што според него, Јунајтед играл добро и во првиот дел, а гостите постигнале два гола од две шанси.

– Мислам дека игравме добро и во првиот дел, тие имаа две шанси и постигнаа два гола. Како да имаме навика да дозволуваме вакви работи, подобро е да престанеме ако сакаме да преживееме.

– На полувреме им реков на фудбалерите да се погрижат да го постигнат првиот гол по паузата, затоа што сум сигурен дека подоцна ќе го добиеме натпреварот. Знаев дека ќе победиме ако не примиме гол во меѓувреме, само требаше да ги искористиме шансите, – изјавил Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни