Поврзете се со нас

Англија

Солскјер откри кога Рашфорд ќе се врати на терените

Објавено

на

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд веќе извесен период е надвор од терените откако по Европското првенство се реши да направи операција на рамото кое го мачеше во текот на целата негова кариера.

Познато е дека брзоногиот фудбалер на „ѓаволите“ постојано играше под инекции против болка поради проблемите со рамото на кои се реши да им стави крај.

По операцијата, рехабилитацијата на фудбалерот одеше во посакувана насока, па тој во моментов се наоѓа во тренажен процес кој не е толку интензивен за тој да може да се врати во тимот и да игра на натпреварите.

Меѓутоа, Солскјер потврди дека Рашфорд ќе се врати во тимот по репрезентативната пауза која ќе започне на 8. октомври и ќе трае две недели.

– Рехабилитацијата на Рашфорд и Телеш оди добро. Двајцата работат напорно, но Алекс е нешто понапред од Маркус. Не верувам дека ќе го видиме Маркус до репрезентативната пауза, додека Алекс работеше добро и ќе биде во тимот, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни