Поврзете се со нас

Англија

Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде одговор на коментарите на Пол Погба со кои тој повлече паралела меѓу сегашниот стратег на „ѓаволите“ и Жозе Мурињо.

Погба го привлече вниманието откако го критикуваше односто на Жозе Мурињо кон играчите, а потоа направи споредба со односот кој Солскјер го има со играчите на Манчестер Јунајтед.

По ваквите коментари со свој став се јави и менаџерот на Јунајтед кој го поддржа Погба и кој истакна дека во клубот владее една семејна амтосфера.

– Да се биде семејство е една од најубавите и најважните работи во еден фудбалски клуб. Во времето на Сер Алекс сите тука  чувствувавме дека сме браќа, -кратко изјави Солскјер кој беше пофален од Погба дека има одличен однос со сите играчи на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни