Поврзете се со нас

Англија

Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал

Објавено

на

Оле Гунар Солксјер ја пофали својата екипа за настапот на дербито со Челси, но смета дека Манчестер Јунајтед е оштетен поради недосудениот пенал во првиот дел.

Судиите го проверуваа со ВАР моментот кога Хадсон-Одои и Гринвуд ја зафатија топката со рака, но главниот судија процени дека не треба да покаже на белата точка во корист на гостите.

– Тоа беше пенал, сигурен сум. Ако тоа е природна позиција на раката, тогаш јас сум слеп.

– Сакавме да победиме, но ни недостасуваше тоа последно додавање, Де Хеа имаше една одлична одбрана и не примивме гол.

– Во ситуацијата кога тие ја имаа најдобрата шанса, Шо се постави одлично со тело, тоа е вистинскиот потег кога сакаш да ја спасиш својата екипа. Мислам дека одигравме одлично во одбрана, – изјавил Солскјер.

По ова реми, Манчестер Јунајтед има 12 бодови заостанување зад Сити на 12 кола до крајот на првенството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни