Поврзете се со нас

Англија

Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред средбата со Барнли најави дека неговиот тим додека има можност ќе се бори за титулата во Премиер лигата.

Градскиот ривал на „ѓаволите“ има 11 поени предност, а истата може да се стопи на осум поени доколку Јунајтед слави против Барнли.

Тоа му дава мотив на Солскјер дека може да се случи чудо кое претходно беше видено и во 2012 година кога во иста ситуација, само со променети улоги беа овие два тима. Тогаш Јунајтед на шест кола до крајот на првенството имаше осум поени предност пред Сити, за на крај да остане без титулата поради подобра гол разлика на „граѓаните“.

– Секој натпревар е важен за Манчестер Јунајтед и ние нема да испуштаме лесно поени до крајот. Дали можеме да го стигнеме Сити? Почудни работи се случиле во фудбалот. Испуштани се многу поголеми предности. Секако, тие се многу силни и веројатно ова за што се надеваме е премногу, но се додека сме во оваа работа да се надеваме е наша должност.

– Мора да го добиеме секој натпревар во лигата, го знаеме тоа. После тоа треба да се надеваме  дека нешто ќе се случи со Сити. Не можеме да го контролираме тоа што го прават тие, мора да ги играме натпреварите еден по еден, знаеме дека имаме доста тешки средби до крајот, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни