Поврзете се со нас

Англија

Солскјер навести како може да изгледа стартниот среден ред на Јунајтед и заклучи: Направивме голем чекор

Објавено

на

Поради подоцнежните настапи во Лига Европа, Манчестер Јунајтед беше ослободен во првото коло во Премиер лигата, па така составот од „Олд Трафорд“ ќе ја отвори сезоната од второто коло, или поточно со дуел против Кристал Палас.

Оле Гунар Солскјер со некомплетен тим ќе ја отвори новата сезона бидејќи се очекува да добие уште неколку засилувања до крајот, но сепак Норвежанецот вели дека е задоволен и од тоа што го има, особено ако се знае дека по ангажманот на Бруно Фернандеш во јануари, пред извесно време го доби и Дони Ван Де Бек.

Холандскиот фудбалски талент се очекува да биде важна алка во ротациите на менаџерот на Јунајтед, кој уште на првата прес-конференција навести дека неговиот стартен среден ред може да изгледа навистина ударно оваа сезона, односно дека ќе има навистина офанзивни каратеристики.

– Секако дека Бруно, Погба и Ван Де Бек можат да играат заедно и да стартуваат од почеток. Тие го привлекуваат вниманието, но не заборавјте дека тука се и Скот МекТоминеј, Фред и Немања Матиќ. Тие исто така се многу важни за нашата средина, нема да се потпреме само на тројца играчи во целата сезона, – изјави Оле кој со ова јасно стави до знаење дека ќе има шанси за сите.

– Со Ван Де Бек ќе добиеме голови од позадина. Тој е играч кој трча од позадина и кој ќе ни донесе разновидност во завршницата. Мислам дека одлично се вклопи во тимот, – додаде Солскјер и за крај нагласи дека тимот остварил прогрес со него минатата сезона.

– После Сер Алекс Фергусон, просечното место на Јунајтед е петтото место. Минатата сезона завршивме трети и тоа е голем чекор за нас. Сите видоа подобрување. Бруно дојде и направи промена, Хари стана капитен и покажа лидерски капацитети. Добра прва сезона имаше и Ван Бисака, очекуваме да продолжиме во ова темпо, – заврши менаџерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни