Поврзете се со нас

Англија

Солскјер најави клучен трансфер период за Јунајтед, познат новинар посочи дека пред договор е трансфер на голема ѕвезда

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во пресрет на натпреварот против Борнмут зборуваше и за трансфер активностите на клубот за следната сезона.

Норвежанецот најави дека пред нив е период во кој ќе мора да донесат мудри и многу важни одлуки за иднината на клубот и најави најмалку две засилувања за клубот.

– Мора да донесеме една или две многу добри одлуки, а можеби и повеќе и јасно е дека ова ќе биде многу важно лето за нас,- изјави Солскјер.

Познатиот новинар кој е специјалист за трансфер пазарот, Фабрицио Романо пак најави дека Џејдон Санчо никогаш не правел проблем кога во прашање бил неговиот договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Некои медиуми во текот на вчерашниот ден излегоа дека веќе била договорена петгодишна соработка со играчот кој првично би требало да заработува по 140.000 фунти неделна плата,а потоа истата автоматски би се зголемила на 200.000 фунти неделно.

– Договорот на Џејдон Санчо со Манчестер Јунајтед никогаш не бил проблем, а нема ни да биде. Тој сака да се пресели во Манчестер Јунајтед, единствено што треба е договор помеѓу клубовите, -напиша Фабрицио Романо.

Позитивна вест за „ѓаволите“ пренесе и уште еден друг новинар кој најави дека Пол Погба бил подготвен да остане во клубот.

– Сите последни настани јасно покажуваат дека Погба се адаптира на новата ситуација и останува во клубот, -кратко напиша Дејвид Орнштајн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни