Поврзете се со нас

Свет

Солскјер му се враќа на фудбалот и тоа со селекторска функција

Објавено

на

foto:twitter.com/MirrorFootball

Оле Гунар Солскјер веќе долго време прави пауза кога се работи за тренерските ангажмани или поточно тој е без работа од 2021 година кога ја заврши соработката со премиерлигашот Манчестер Јунајтед.

Неговото име беше поврзано со повеќе клубови, последниот беше турскиот прволигаш Бешикташ кој на крајот се реши за друго решение во името на Фернандо Сантош.

Меѓутоа Оле набрзо може да добие работи и тоа како селектор на Шведска. Швеѓаните се во потрага по човек кој ќе го наследи Јане Андерсон кој си замина откако не ја одведе селекцијата на Европското првенство.

Поранешниот шведски репрезентативец, Олоф Мелберг и Тони Густавсон беа во прв план и желбата беше двајцата да го водат националниот тим. Меѓутоа проговорите со Мелберг пропаднаа, ситуацијата со Густавсон е најасна и според „fotbollskanalen“ федерацијата бара ново решение кое може да биде норвешлата легенда.

Солскјер во досегашната тренерска кариера има работено уште во Молде, Кардиф и тимот на Јунајтед до 21 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни