Солскјер со коментар за написите дека Санчез е префрлен во резервниот тим на Манчестер Јунајтед

Manchester United Official Training & Press Conference

Во претходните неколку денови се појавија разни шпекулации поврзани со иднината на Алексис Санчез.

Имено многу медиуми напишаа дека Санчез по една кавга со Мејсон Грунвуд ќе биде префрлен во у23 тимот се додека не биде продаден или пратен на позајмица. Сепак тие најави ги демнатираше Солскјер на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Вулверхемптон во рамките од второто коло во англиската Премиер лига.

– Алексис е голем професионалец и тој секој ден доаѓа на тренинг и работи навистина напорно. Алексис сака да биде дел од овој тим. Повторно имаше вести дека тој ќе биде преместенво резервите, но секако, тоа не е вистина, -истакна тренерот на Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари