Поврзете се со нас

Англија

Солскјер израмни рекорд во Манчестер Јунајтед стар 67 години

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер може да биде задоволен по својата прва целосна сезона како тренер на Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ со доста лимитиран состав, посебно во првиот дел од сезоната, стигнаа до третата позиција на табелата, а се пласираа и во полуфиналето од ФА Купот.

Се уште се активни во Лига Европа каде во четвртфиналето ќе играат против Копенхаген, а се едни од најголемите фаворити за освојување на ова натпреварување.

Норвежанецот оваа сезона им даде шанса за деби настап на дури осум фудбалери од академијата на клубот и со тоа израмни рекорд стар цели 67 години кој беше поставен од Мат Безби.

Солскјер на натпреварот против ЛАСК Линц во игра го уфрли Теден Менги кој беше осмиот играч од академијата кој добива шанса за настап во првиот тим оваа сезона.

Претходно оваа сезона своето деби го имаше Брендон Вилијамс кој по натпреварот со Рошдејл стана незаменлив дел од првиот тим.

Останатите шест играчи кои добија шанса во првиот тим играа на натпреварот против Астана во рамките од Лига Европа и тоа се : Дишон Бернард, Етан Лерд, Дилан Левит, Итан Галбрајт, Ларги Рамазани и Дмани Мелор.

Минатата сезона, Солскјер прилика за настап во првиот тим им даде на младите Мејсон Гринвуд, Тахит Чонг и Џејмс Гарнер, а првиот веќе прераснува во расен голгетер на Манчестер Јунајтед.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни