Поврзете се со нас

Италија

Солскјер искрено за екс играчите на клубот кои со Интер освоија Серија А: Сакав поинаков тим

Објавено

на

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше запрашан за фудбалерите на Интер кои претходно го носеа дресот на Манчестер Јунајтед, меѓутоа многу лесно беа пуштени да си заминат, Алексис Санчез, Ромелу Лукаку, Ешли Јанг и Матео Дармијан.

И четворицата сега со италијанскиот клуб ја освоија титулата, а Лукаку беше клучниот играч на четата на Конте која по 11 години стигна до тронот во Серија А.

– Секој менаџер си има свој фокус и свои приоритети. Овие играчи се топ фудбалери и топ професионалци. Кога ги гледам им посакувам се најдобро, но јас си донесов одлука, заедно со клубот, а таа одлука беше дека сакам поинаков тим.

– Не сум тука да зборувам за развојот на играчите и да ги споредувам тимовите, доказот е во резултатите. Тоа е единствениот начин со кој ќе ги убедиме навивачите дека ја правиме исправната работа. Мојот тим сега повеќе изгледа сложно и како вистински тим, а јас се чувствувам одговорен за тоа, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни