Поврзете се со нас

Англија

Солскјер: Голот на Астон Вила беше постигнат од офсајд (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден минимален пораз на домашен терен, по тој од Вест Хем во Лига купот, попладнево „црвените ѓаволи“ останаа со празни раце и во првенствениот дуел со Астон Вила.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер призна дека е загрижен поради лошата серија изминатиов период, откако Јунајтед има три порази на последните четири средби.

Сепак, Норвежанецот смета дека денешниот гол на Астон Вила бил постигнат од офсајд ситуација.

– Многу сум разочаран бидејќи голот требаше да биде поништен поради офсајд. Не е убаво кога таква одлука го решава победникот, – изјавил Солскјер.

Менаџерот на Јунајтед очигледно смета дека судиите требало да го поништат голот на гостите, поради позицијата на еден фудбалер на Вила пред голманот Давид де Хеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни