Поврзете се со нас

Англија

Солскјер го спореди Бруно Фернандеш со Роналдо

Објавено

на

Трансферот на Бруно Фернандеш се покажа како вистински погодок за Манчестер Јунајтед, а менаџерот Оле Гунар Солскјер не го крие задоволството од соработката со Португалецот.

Солскјер вели дека влијанието на Фернандеш врз тимот е големо и ако продолжи вака, ќе може да се споредува со тоа на Кристијано Роналдо.

– Бруно има посебно влијание врз соиграчите, доволно е само да ги погледнете резултатите откако дојде во екипата.

– Има многу енергија, лидерски способности и знае што значи тимски играч, а тоа е клучно за нас, – изјавил менаџерот на „црвените ѓаволи“.

Откако Фернандеш е во Јунајтед, учествувал во 34 од 35 постигнати голови на екипата (20 голови и 14 асистенции), а викендов ќе се обиде да ја продолжи серијата и на гостувањето кај Саутемптон во недела.

Интересно, Роналдо и Фернандеш дојдоа од иста екипа, Спортинг Лисабон, во редовите на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни