Поврзете се со нас

Англија

Солскјер ги откри имињата на двете големи англиски ѕвезди кои Јунајтед пропуштил да ги купи во негово време

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Оле Гунар Солскјер седна на маса со Гери Невил, Рој Кин, Џејми Карагер Јан Рајт, па во пријатниот разговор кој го имаа за емисијата „Оверлап“, легендарниот Норвежанец од прва рака им долови ситуации кои се случувале во Манчестер Јунајтед додека тој бил тренер на првиот тим.

Поранешниот голгетер својата етапа како менаџер ја почна навистина добри и забележа историски добра серија, но потоа со текот на времето се претопи во сивилото кое го следи клубот од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, немоќен да влијае врз некои погрешни одлуки кои ги носеа директорите.

Солскјер на крајот заработи отказ и беше отпуштен по поразот од Вотфорд во 2021-ва година, но се чини дека три години подоцна, клубот не забележа никаков напредок.

Причина за тоа се и погрешните трансфер потези кои ви влечеа директорите, а пред промената која ќе следи ова лето со новиот косопствениот Џим Ретклиф, Солскјер се наврати и потсети дека клубот пропуштил да ангажира играчи како Деклан Рајс и Џуд Белингам.

– Навистина многу ми се допаѓа Деклан Рајс. Додека јас бев во клубот, неколкупати дискутиравме за него. Сметав дека ќе биде многу добар за нашиот среден ред. Неговите долги нозе, покривањето на теренот, а истовремено, многу напредна и во креирањето. Нормално дека ќе чинеше многу пари, но можевме и требаше да одиме по него.

– Покрај него, на листата е и Џуд Белингам. Тој беше во нашиот клуб. Јас бев таму, Сер Алекс Фергусон беше таму, а тој ден во клубот беа и Брајан Робсон и Ерик Кантона. Сите зборувавме за него и се обидовме да му продадеме добра приказна. Тој уште тогаш знаеше што сака, бараше да игра во првиот тим. Имаше само 17 години, а тој беше најзрелиот тинејџер кој го имам сретнато во животот. Се му беше испланирано, – открива Оле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни