Поврзете се со нас

Англија

Солскјер ги нападна играчите на Јунајтед за заработениот отказ: Престанаа да трчаат…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Оле Гунар Солскјер заработи отказ од управата на МАнчестер Јунајтед на крајот на месец ноември 2021-ва година, или поточно не го преживеа тешкиот пораз кој неговиот тим го претрпе на гостувањето кај Вотфорд.

„Ѓаволите“ загубија на споменатиот меч со 4:1 и веднаш после тоа Норвежанецот заработи отказ, а две сезони подоцна, Оле смета дека бил изневерен од дел од играчите кои тогаш беа на теренот.

Иако не именуваше, Оле со својата изјава јасно стави до знаење дека останал незадоволен од одредени поединци, бидејќи уште на полувреме им порачал дека ги играат последните 45 минути под негово водство.

– Имавме многу падови во мојата ера во клубот. Јас сум оној кој повеќе ги гледа падовите, отколку подемите. Начинот на кој завршивме во Вотфорд, едноставно не можете да се спуштите пониско од тоа. Губевме 2:0 во првото полувреме и уште на паузата знаев што следи. Мојот говор се однесуваше дека ги имаме последните 45 минути заедно, побарав да го дадат максимумот.

– Дел од играчите престанаа да трчаат, престанаа да се грижат. Ван де Бек влезе и постигна гол за 2:1, а потоа добивме црвен картон. На крајот загубивме 4:1 и тоа изгледаше навистина лошо. Натпреварот не беше таков за да загубиме 4:1, но во финишот примивме два гола, – се потсетува Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни