Поврзете се со нас

Англија

Солскјер ги брани „виновниците“ за поразот: Лингард ќе извлече поука, Ван-Бисака е неискусен

Објавено

на

Манчестер Јунајтед не обезбеди посакуван старт во Лигата на шампионите, но менаџерот Оле Гунар Солскјер е убеден дека неговиот тим ќе извлече поуки од лекцијата во Швајцарија и во продолжение ќе ги обезбеди бодовите за место во нокаут фазата.

Менаџерот заработи многу критики поради потезите кои ги влечеше по исклучувањето на Арон Ван-Бисака, по чиј црвен картон и Јанг Бојс успеа да го направи пресвртот.

Норвежанецот има само добри зборови за својот бек, но и за Џеси Лингард кој ја направи големата грешка за вториот гол на домашниот состав.

– И ние сме луѓе, секој може да погреши. Никој не сака да направи грешка како таа на Џеси, но очигледно и тоа е дел од играта. Ќе научи нешто од ова, сите ќе извлечеме поуки, а Лингард ќе се подготвува за дуелот со Вест Хем.

– Ван-Бисака обично е прецизен при стартовите, еден од најдобрите во светот во овој елемент. Во неговиот случај веројатно се работи за неискуство, – рекол Солскјер за фудбалерот чиј груб старт значеше предвремено заминување во соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни