Лига на шампиони
Солскјер: Денеска ни недостасуваше само едно нешто

Манчестер Јунајтед има за што да жали оваа вечер во Лигата на шампионите, посебно ако се земе во предвид какви две колосални шанси не реализираа избраниците на Оле Гунар Солскјер на стартот на вториот дел при резултат 1:1.
Антони Марсијал го префрли цел гол во стопроцентна прилика и буквално се посрамоти кога сите ја гледаа топката во мрежата, а потоа, видовме мајсторски обид од страна на Единсон Кавани кој заврши во гредата од голот на гостите.
Овие две неискористени шанси скапо ги платија избраниците на Оле Гунар Солскјер, кој во продолжение примија два гола, а Фред заработи и црвен картон. Во ситуацијата со Бразилец, Оле научи една сурова тренерска лекција, бидејќи одлучи да го остави играчот за врска на теренот и покрај тоа што беше поштеден од црвен картон во првото полувреме.
– Фред имаше среќа што остана на теренот во првото полувреме. Зборував со него на паузата и размислував дали да го извадам. Но, тој играше добро и правеше добри работи од фудбаласка гледна смисла. Побарав да остане мирен во второто полувреме, вториот жолт картон ниту приближно не беше прекршок, тоа го знае и Андер Ерера.
– На вакви натпревари, круцијални се одлулувачките моменти, се работи за маргини. Денеска тие ги искористија своите шанси и имаа повеќе среќа. Денеска ни недостасуваше само едно нешто, а тоа беше завршувањето на акциите. На последниот меч со Лајпциг одиме на победа, – додаде Оле кој откри и дека Рашфорд го завршил мечот со повреда.
– Станува збор за повреда на рамото, ќе видиме колку брзо ќе може да се опорави. Се надевам дека ќе можам да сметам на него за мечот со Вест Хем.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 21 час
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светпред 17 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!